Maкедонија ја шокираше Германија во март во квалификациите за Светското првенство, а утре не очекува нов дуел, овој пат на наш терен.




Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри истакна дека ова е шанса да ни се реваншираат.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
„Тој пораз од Македонија во март се уште не боли и жал ми е, ова ќе биде нов натпревар и шанса да им се реваншираме. Македонија технички е одличан и има добри идеи, сигурно ќе ја чека својата шанса. За да стигнеме до позитивен резултат мораме да го покажеме нашиот квалитет на теренот“, порача Гнабри.




Натпреварот помеѓу Македонија и Германија се игра утре со почеток од 20:45 часот.