Дома Трансфер зона Гнабри може да биде новото засилување за нападот на Арсенал

Гнабри може да биде новото засилување за нападот на Арсенал

Тимот на Арсенал го засили нападот со Габриел Жесус, но „топџиите“ не планираат да застанат тука.

Медиумите пренесуваат дека ново засилување во офанзивата на Арсенал може да биде напаѓачот на Баерн Минхен, Серж Гнабри за кого ова би било враќање во Лондон.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Гнабри во Арсенал пристигна во 2011 година како 16-годишно момче од Штутгарт. Професионалната кариера ја започна во Арсенал, а поради потрага по поголема минутажа во 2016 се пресели во Вердер.

Сезоната во Вердер ја одигра одлично и следуваше трансфер во Баерн Минхен. Во изминатите четири сезони во Баерн Гнабри постигна 63 гола на 171 натпревар. Во последната сезона постигна 17 гола и запиша 10 асистенции на 45 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…