Дома Македонски спорт Мак баскет Гичевска: Дојдете во што поголем број, заедно да ја израдуваме Македонија!

Гичевска: Дојдете во што поголем број, заедно да ја израдуваме Македонија!

Македонија е се поблиску до Европското првенство, утре нашата селекција го игра првиот натпревар против Франција, една од ракометарките со поголемо интернационално искуство иако има само 24 години е Леонида Гичевска.

Гичевска во овој момент астапува за Локомотива Загрев и се надева на добра престава на натпреварите. Турнирот го започнуваме против Франција која е една од најсилните европски селекции и селекција која важи за еден од фаворитите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Стартот на Европското првенство е се поблиску, расте возбудата. За сите е чест што играме на едно вакво натпреварување. Да уживаме колку што можеме и да дадеме се од себе. Сакаме да се прикажеме во најдобро светло пред публиката. Ако добиеме и најмала шанса ќе се обидеме да ја зграбиме за пласман во главната фаза“.

„Противниците ги анализиравме со видео анализа и добри сме на тактички план. До пред две сезони играв во Франција и за мене тоа е најсилната лига во светот, таму забележав голем напредок за тие две сезони. Сакам да испратам порака до фановите: Дојдете и бодрете не во што поголем бро, се надеваме дека заедно ќе ја израдуваме Македонија“, изјави Леонида.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…