Дома Фудбал Англија Гигс со совети за Руни да остане во Манчестер Јунајтед

Гигс со совети за Руни да остане во Манчестер Јунајтед

Легандарниот Рајан Гигс, во моментов е помошник во управата на Манчестер Јунајтед, а тој вели дека од Вејн Руни зависи тоа дали ќе остане во клубот.

И покрај тоа што е капитен и најдоар стрелец во историјата на Јунајтед, иднината на Руни во клубот е под знак прашалник бидејќи не беше стандарден во тимот минатата сезона.

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Во првиот состав беше само 15 натпревари во Премиер лигата и постигна пет гола, па се појавија шпекулации дека ќе се врати во Евертон или ќе си замине во Кина.

„Вејн е докажан стрелец, дајте му шанса и тој ќе постигне гол. Работата е во тоа дали тој може да се справи со тоа што не е прв избор и уште е прашањето дали може да развие игра на начинот кој јас морав во тимот со тие години, така да игра 25-30 натпревари и ќе придонесе. Доколку Вејн може, не гледам зошто не би останал“, изјави Гигс.

Руни, кој во октомври полни 32 години, веќе изјави дека има многу понуди, а Јунајтед од другата страна е на добар пат да го доведе Алваро Мората од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Последните овации на Бернабеу за Модриќ. Шпанците го открија планот на Анчелоти.

РЕАЛ МАДРИД денеска од 16:15 часот ќе го одигра натпреварот од 38. коло на шпанското првен…