Дома Фудбал Англија Гигс застана во одбрана на Мурињо: Не треба да добие отказ!

Гигс застана во одбрана на Мурињо: Не треба да добие отказ!

Легендата на Манчестер Јунајтед и актуелен сектор на Велс, Рајан Гигс застана во одбрана на Жозе Мурињо и покрај лошиот старт на сезоната.

„Црвените ѓаволи“ се во серија од четири меча без победа во сите натпреварувања, па се погласни се шпекулациите во медиумите дека Мурињо може да добие отказ.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Меѓутоа, Гигс смета дека Мурињо треба да остане на кормилото, а објасни и зошто.

„Не, Мурињо не треба да биде отпуштен. Тие минуваат низ тежок период во моментот, но ако сега направат промена тоа значи дека веројатно ќе бидат во истата оваа позиција за една или две години“.

„Проблемот во моментов е што клубот нема план за иднина. Значи, почекајте, ова е тешко време, но мојот став не е променет. Верувам дека Мурињо треба да ја задржи својата работа“, јасен беше Гигс.

Рајан Гигс целата своја кариера ја помина во Манчестер Јунајтед, а во сезоната 2013/14 за кратко беше и на тренерската функција после отказот на Дејвид Мојс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид му забрани на Мбапе да игра на Олимписките игри

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе потврди дека нема да игра за францускиот олимписки тим …