Дома Топ вести Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Леверкузен

Гигантите се „тепаат“ за младата ѕвезда на Леверкузен

Офанзивниот играч за врска на Баер Леверкузен, Флориан Виртц го привлече вниманието на најголемите клубови на Стариот континент.

Барселона, Реал Мадрид и Баерн Минхен веќе подолго време ги следат настапите на Виртц и сакаат да го донесат во своите редови.


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Новинарот Фабрицио Романо открива дека по завршување на сезоната ќе има сериозно наддавање за потписот на 18-годишниот талент.

Виртц има договор со Леверкузен до 2026 година, па поради тоа „фармацевтите“ не брзаат со продажбата. Меѓутоа, германскиот клуб е спремен да го продаде доколку некој клуб испрати примамлива понуда.

Виртц оваа сезона има 10 гола и 13 асистенции во Бундеслигата и важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Реал Мадрид сака да ја купи младата германска ѕвезда и да ја остави на позајмица во Леверкузен до јуни 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Родри и не бил толку скромен: Се појави снимка на која го исмејува Винисиус 🎥

И понатаму во фудбалскиот свет актуелни се случувањата околу „Златната топка“ која на крај…