Фиорентина оваа сезона значително го промени составот, па многумина им предвидуваа позиција во долниот дел од табелата.
Меѓутоа „Виола“ во овој момент се наоѓа на средината на табелата со можност да се вклучи во трката за излез во Европа.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Еден од најдобрите фудбалери на тимот секако е Федерико Киеза, синот на прославениот татко Енрико Киеза.
За офанзивниот играч за врска интерес покажаа бројни европски клубови, се споменуваа Јувентус, Челзи и Манчестер Јунајтед, па тимот од Фиренца морал да реагира.
Сепак, цената на Киеза воопшто не е мала и раководството на клубот од Фиренца на заинтересираните клубови им порачало дека оној кој го сака Киеза би морал да издвои 60 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=XBBATCFRVmc