Вчера се слуши првото големо изненадување на Мундијалот во Русија, откако бранителот на трофејот, Германија беше елиминирана уште во групната фаза.
Германија важеше за еден од главните фаворити, но заврши на последното место во групата со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако целата нација е во шок и се бараат виновниците за дебаклот, сепак Федерацијата на Германија покажа класа со пораката на Твитер.
„Колку и да боли сево ова да се повлечеме толку рано, честитки до Шведска и Мексико, ви посакуваме среќа во елиминационата фаза“ гласеше твитот на социјалните мрежи кој го упатија Германците.
As much as it hurts to bow out this early, congratulations to #SWE and #MEX. We wish you good luck in the knockouts ? pic.twitter.com/6gbNpePRTm
— Germany (@DFB_Team_EN) June 27, 2018