Дома Топ вести Гвардиола спрема чистка – заминуваат 14 фудбалери!

Гвардиола спрема чистка – заминуваат 14 фудбалери!

Елиминацијата уште во осминафиналето од Лигата на шампиони ќе ги забрза плановите на Пеп Гвардиола за голема „реконструкција“ на тимот од „Етихад“.Англиските медиуми очекуваат дека каталонскиот стратег ќе се ослободи од дури 14 фудбалери, а ќе вложи 350 милиони евра во засилувања.

Шпанецот не беше задоволен од тимот уште од неговото доаѓање на „Етихад“ минатото лето, а овој дебакл во Европа и десет бода заостанување зад лидерот во Премиер лигата, само ќе ја забрза реконструкцијата.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Медиумите тврдат дека Гвардиола ќе им ја отвори излезната врата на неколку фудбалери, а меѓу нив е и Серхио Агуеро. Иако Аргентинецот е прв стрелец, Гвардиола не е задоволен од неговото залагање, па често го оставаше на клупата.

Голманите се посебно болна точка оваа сезона, Пеп го доведе Браво од Барселона, но не ги исполни очекувањата, па му стана резерва на Вили Кабаљеро. Џо Харт тешко дека ќе остане на „Етихад“, па Гвардила по секоја цена ќе сака да донесе квалитетен голман.

Во одбраната би требало да „летаат“ бековите Гаел Клиши и Александар Коларов, кого Пеп неколку пати го користеше како стопер. Ништо подобра не е ситуацијата ни со Пабло Забалета и Бакари Сања, па сигурно ќе бидат донесени двајца нови бекови.

Винсент Комапни е на долга пауза поради повреди, па не влегува повеќе во плановите на Гвардиола, а Мангала е веќе отпишан и сигурно нема да се врати на „Етихад“.

Договорот на Јаја Туре истекува на крајот на сезоната, па клубот сигурно нема да му предложи нов и ќе му ја отвори излезната врата.

Хесус Навас, Фабиан Делф и Фернандо само повремено играа кај Пеп оваа сезона, па овие тројца фудбалери ќе бидат ставени на трансфер листа.

Вилфред Бони исто така е сеуште играч на Манчестер Сити, па сигурно нема да остане во тимот кога ќе му истече позајмицата во Стоук.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …