Дома Трансфер зона Гвардиола пронајде нов дефанзивец на Островот

Гвардиола пронајде нов дефанзивец на Островот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола има големи проблеми со поврди во дефанзивната линија, па приоритет во зимскиот преоден рок ќе му биде доведување на централен дефанзивец.

После заминувањето на Компани, на самиот старт на сезоната се повредија дури тројца дефанзивци, па Гвардиола е на големи проблеми.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Лапорт ќе мора да паузира дури шест месеци, па „граѓаните“ сигурно ќе донесат еден стопер во зимскиот преоден рок.

Според пишувањето на англиските медиуми изборот паднал на Чаглас Сојунчи. Турскиот репрезентативец игра одлично во Лестер оваа сезона, „лисиците“ потпишаа договор со него до 2023 година, но Сити не се откажува.

Гвардиола знае дека во јануари нема да може да ги купи најголемите желби Милан Скриниар и Кулибали, па смета дека 23-годишниот Сојунчи ќе биде идеална опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба доби намалување на казната, но Јувентус не го сака: Французинот има две опции

Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му…