Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, признава дека нeговиот тим по дебаклот од Евертон е далеку од освојување на шампионската титула.
„Челзи има голема предност, десет бодови се многу. Второпласираниот ни бега за три бода и тоа е достижна разлика. Создаваме шанси, но имаме проблeм со реализацијата“, изјави Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанецот истакна дека никогаш во претходните тимови немал проблеми во одбраната, а сега се соочува со деликатни проблеми бидејќи Сити на 21 натпревар во Премиерлигата прими 26 голови.
„Слични проблеми сум имал, но не толку деликатни. Кога во осум години ќе освоите седум трофеи се навикнувате да победувате. Морам да го најдам вистинското решение, моите играчи повтoрно да почнат да победуваат. Среќен сум во Сити, но прв пат во кариерата примам многу голови“, додаде Гвардиола.