Дома Фудбал Англија Гвардиола пред натпреварот со Виган открива: „Не бев доволно добар за Виган“

Гвардиола пред натпреварот со Виган открива: „Не бев доволно добар за Виган“

Пеп Гвардиола би можел да игра во Виган, но сепак не бил доволно добар за овој англиски клуб.

Манчестер Сити вечерва му гостува на Виган во рамките на осмина финалето од ФА Купот, а Гвардиола се потсети како токму Виган беше клубот во кој некогаш требаше да игра.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Не бев доволно добар, тоа е вистина. Бев стар, навистина стар за фудбалер кој би пристигнал овде. Се обидев да играм англиски фудбал, но не можев. Тоа е исто како што се случи со Стујар Пирс во Манчестер Сити“, изјави тренерот на Сити.

Гвардиола како играч настапуваше за Барселона, Брешија, Рома, Ал Ахли и Дорадос, а како тренер пред Сити со многу успех ги водеше Барселона и Баерн. Зад себе има различни титули и трофеи, но изгледа дека Виган не му бил суден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер го доведе првото засилување за следната сезона

Џузепе Марота не чека, туку е тука првиот играч кој пристигнува во Интер! Клубот од Милано…