Дома Фудбал Англија Гвардиола: Пред еден месец зборуваа дека Халанд е катастрофа

Гвардиола: Пред еден месец зборуваа дека Халанд е катастрофа

Манчестер Сити игра одлично во последно време, а еден од најзаслужните за победите е секако Ерлинг Халанд, кој постигна два хет-трика во последните два меча во Премиерлигата.

Со ова Ерлинг добива големо внимание, но во исто време ги поздравува и оние кои доста го критикуваа на самиот старт на сезоната.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Им се восхитувам на сите што можа да ја предвидат иднината. Пред еден месец за Халанд зборуваа дека ќе биде катастрофа, а сега дека ќе биде најдобар стрелец и ќе ги урне сите рекорди“, изјави Гвардиола.

„Замислете што ќе се случува за две години. Ние сме воодушевени за тоа како тој се прилагодува во новата средина. Не само Ерлинг, стручниот шатаб и персоналот во позадина е многу важен со помошта да се прилагодат новите играчи, а другарите се навистина добри“, додаде Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Италијанец фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…