Дома Фудбал Англија Гвардиола потврди: Халанд се враќа!

Гвардиола потврди: Халанд се враќа!

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд се враќа на терените.

Пеп Гвардиола на денешната прес-конференција пред натпреварот потврди дека Норвежанецот ќе биде спремен за натпреварот од 20:30 часот на „Етихад“.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Халанд не играл уште од 6-ти декември и поразот од Астон Вила (1:0), тогаш заработи повреда на стапалото.

„Ќе биде со нас. За првпат можам да ви потврдам дека се врати. Го имаме спремен за цел натпревар, секако дека Ерлинг е важен за нас“, изјави Гвардиола.

Во натпреварот Сити влегува од втората позиција на табелата со пет бодови помалку од Ливерпул, но и натпревар помалку. По натпреварот против Барнли Сити во понеделник гостува на Брентфорд, па го пречекува Евертон.

Сезонава Халанд на 22 натпревари постигна 19 голови во сите натпреварување, пред повредата беше стартер на сите 15 натпревари во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер славеше во Минхен, Реал прегазен во Лондон

Во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, Арсенал се издвои со убедлива п…