Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Поразот од Тухел во финалето е минато

Гвардиола: Поразот од Тухел во финалето е минато

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше пред утрешниот дуел со Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

„Многу сакаме да ја освоиме Лигата на шампиони. Сакаме да се обидеме и ќе дадеме се од себе. А нас е чест да бидеме тука и да играме против елитен клуб како Баерн. Треба да одиграме два перфектни натпревари“, изјави Гвардиола.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Гвардиола зборуваше и за поразот од актуелниот тренер на Баерн, Томас Тухел во финалето од ЛШ пред две години.

„Тоа е минато, сега ќе се обидеме повторно. Поразите и победите се забораваат на еден ист начин. Не обрнувам внимание на тоа што се случило во минатото, тоа е дел од играта“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Инфантино: ФИФА не може да ги реши гео-политичките проблеми

Во Цирих во четвртокот се одржа состанок на Советот на ФИФА, при што домаќинството на Свет…