Дома Фудбал Англија Гвардиола: Парите не се доволни, Реал и Барса се напред една деценија!

Гвардиола: Парите не се доволни, Реал и Барса се напред една деценија!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола порача дека следната сезона ќе биде многу подобра за неговиот тим и потврди дека Кун Агуеро и Винсент Компани ќе останат на „Етихад“.

Сити во првата сезона предводен од Пеп Гвардиола ја заврши на третото место во Премиер лигата, но каталонскиот стратег ги убедува навивачите дека следната ќе биде многу подобра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Почнуваме да правиме планови за следната сезона. Очекувам да бидеме подобри и јас самиот подобар менаџер отколку оваа година, но тоа нема да биде едноставно“, изјави Гвардиола.

И ова лето богатите сопственици ќе му дадат огромен буџет на Гвардиола да донесе засилувања на „Етихад“.

„Погледнете го Реал, веќе сега доведе 16-годишен фудбалер за 46 милиони евра. Можете да замислите како функционира пазарот. За да се натпреваруваме со Барса и Реал потребно е време. Потребни се денеции за такво нешто. Парите за тоа не се доволни, кога Барса и Реал сакаат некој фудбалер останатите клубови не можат да се натпреваруваат со нив“, заклучи Пеп и потврди дека Агуеро и Компани ќе останат на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона го „блиндира“ Педри

Барселона сака што поскоро да го продолжи договорот на Педри и со тоа да одговори на интер…