Малку изненадувачки информации пристигнуваат од Манчестер Сити. Додека на голема се шпекулира дека Серхио Агуеро може да го напушти „Етихад“, Гвардиола откри дека Аргентинецот има потпишано нов договор – но Сите сеуште нема известено за тоа!
Имено, Гвардиола тврди дека Агуеро пред точно една година потпишал едногодишно продолжување на договорот, кој сега трае до 2020 година, но Сити едноставно никогаш не пушти официјално известување.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Мислам дека тој веќе од порано потпиша продолжување на договорт. Серхио ќе биде во клубот се додека тој сака. Тој е нашиот најдобар напаѓач, имаме проблем со постигнување на голови и потребен ни е“, изјави Гвардиола, а потоа се осврна на натпреварот со Тотенхем.
„Велите дека не сме квалитетни како Барселона и Баерн. Во натпреварите во кои игравме добро, нашите додавање беа побрзи од нивните, но нас ни недостасува континуитет“, тврди каталонскиот стратег.