Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека постои некој сегмент во играта на „Граѓаните“ кои треба да се поправат, но дека против Стоук ја видел најдобрата партија на свјот тим откако стигна на „Итхад“ изминатото лето.
А како и не би, Сити го сруши Стоук со 7:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Секогаш можеме подобро, но не можам да не кажам дека ова беше најдобриот меч за Сити од моето пристигнување. Ова е начин на кој сакам да играме постојано, нашата самодоверба е голема, секој во тимот верува дека сме победници. Создаваме многу шанси, тоа ме радува“, истакна Гвардиола.
Шпанецот посебно беше воодушевен од Кевин Де Брујне.
„Тој е динамично момче со идеална контрола на топката. Голем талент кој одигра фантастичен меч“, истакна Каталонецот.
Формата на Сити плус пристигнувањето на лидерот во Серија А е еднакво на спектакл во ЛШ кој не очекува во вторник.
„Ги повикувам сите навивачи во голем број бидејќи не очекува спектакл и неверојатен дуел. Два тима со сличен стил, многумина ќе уживаат“, заклучи Гвардиола.