Дома Фудбал Англија Гвардиола: Ништо не е решено, Арсенал нема да се откаже

Гвардиола: Ништо не е решено, Арсенал нема да се откаже

После големата победа на Арсенал (4:1), Пеп Гвардиола ги предупреди играчите дека трката за титулата се уште не е решена.

Сити сега има само два бода помалку од Арсенал, но и два меча помалку, па сега се е во рацете на „граѓаните“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не е готова трката за титулата. Има уште седум меча за играње, а тоа не е малку. Се сеќавам што се случи есеноска после победата над Арсенал, на следниот меч одигравме нерешено со Нотингем Форест. Сега треба да играме против Фулам кој е неверојатен тим“.

„Го познавам Микел Артета, сигурен сум дека Арсенал нема да се откаже и да се предаде. Да имавме 10 бода предност ќе кажев дека е готово, но ние имаме негатива од два бода. Ако сезоната заврши денеска, Арсенал ќе биде шампион. Титулата во Премиер лигата ни е подеднакво важна како таа во Лигата на шампионите, не даваме приоритет на ниту едно натпреварување“,  изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Урнебесна сцена во Серија А: Во игра за Џенова „влезе“ – Рубен Аморим! (Фото)

Фановите кои го следеа вчерашниот натпревар од Серија А меѓу Кремонезе и Џеноа беа збунети…