Дома Фудбал Гвардиола: Не знам каква е ситуацијата со Ковачиќ и Грилиш

Гвардиола: Не знам каква е ситуацијата со Ковачиќ и Грилиш


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Манчестер Сити стартуваше со пет победи во првите пет кола од Премиер лигата.

Покрај тоа, тимот на Пеп Гвардиола го освои Суперкупот на Европа против Севиља, а беше поразен од Арсенал во Комјунити Шилд.

Актуелниот англиски и европски шампион утре ја отвора Лигата на шампионите, а на „Етихад“ пристигнува српскиот шампион Црвена звезда.

Сити е голем фаворит во тој натпревар, но Гвардиола пред натпреварот се пожали дека има многу проблеми со повредите на играчите.

„Кога имаш многу повреди, тоа не ти е проблем денес или ден подоцна, тоа е проблем за следните три до пет натпревари. Во Карабао купот одиме во Њукасл. Жал ми е, но има натпревари на кои ќе морам да играм со играчи од вториот тим. Де Брујне уште го нема, Стоунс исто така, не знам за Ковачиќ и Грилиш… Кога го имаш целиот тим, тогаш одиш во Њукасл со добар тим, “, рече Шпанецот и продолжи:

„Сега само се одмараме, се опоравуваме и се обидуваме да дојдеме на натпреварот во најдобра можна состојба. Бев на одмор, но овие момци одиграа 90 минути со репрезентациите, патувајќи од Боливија, Бразил… Многу е исцрпувачки.

Погледнете само колку екипи имаат повреди. Алварез од Вест Хем мораше да си замине по 15-20 минути од вториот дел. Не се однесуваме добро со играчите. Ние сме одговорни за тоа како се однесуваме кон нив“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ограбен домот на Серхио Рамос додека во него биле четирите деца

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Домот на Серхио Рамос…