Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека нема шанси да му даде одмор на Кевин де Брујне за време на густата програма во до јануари.
Белгиецот последните седум меча во Премиер лигата ги играше по 90 минути, а Гвардиола вели дека Де Брујне е многу важен и нема шанси да му даде одмор и на следните натпревари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тој е толку важен за нас, па нема шанси да добие одмор. Доби одмор во Лигата на шампиони, сега имаме потреба од него во Премиер лигата“, истакна Гвардиола, а потоа беше запрашан за Агуеро.
„Не знам. Вчера не тренираше. Денес тренираше добро, но не знам колку минути може да игра“.