Дома Фудбал Англија Гвардиола незадоволен: Ги повика фудбалерите да штрајкуваат

Гвардиола незадоволен: Ги повика фудбалерите да штрајкуваат

Шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола уште еднаш го изрази незадоволството поради густиот распоред во европскиот фудбал.

Гвардиола ситуацијата во фудбалот во Европа ја спореди со НБА лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога зборувам на оваа тема често пати ја користам НБА лигата како пример. Тие играат 80 натпревари во неколку месеци и потоа имаат одмор од три месеци. Ако не играш финале, можеше целосно да одмориш физички и психички, па максимално да се подготвиш за новата“, според Шпанецот.

Шпанскиот стратег смета дека само фудбалерите се тие кои можат да променат нешто и да ги натераат УЕФА и ФИФА на реакција.

„Јас сум само тренер и немам моќ да ги променам работите, а верувам дека единственото решение е фудбалерите да кажат: Стоп – време е за промени. Ми изгледа дека само на тој начин може да реагираат УЕФА и ФИФА“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кeрик потврди: Судбината на Бруно Фернандес ќе се решава на крајот од сезоната

Според пишувањето на Мирор, тренерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Керик, потврди дека на к…