Пеп Гвардиола категорично ги демантираше шпекулациите дека Манчестер Сити преговара со Саутемптон за трансфер на дефанзивецот Вирџил ван Дајк.
25-годишниот холандски дефанзивец е проценет на околу 50 милиони фунти, а англиските медиуми тврдат дека тој ќе заигра на „Етихад“ уште во текот на јануарскиот преоден рок.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
„Да, имаме средба со Саутемптон, но во април за првенството. Тој нема да дојде кај нас во следниот месец. Не е можно. Ван Дајк е фудбалер на Саутемптон и ние немаме потреба од него во моментов“, изјави Гвардиола.
Имено, Ван Дијк е еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, па интерес за него покрај Манчестер Сити покажуваат уште и Ливерпул и Манчестер Јунајтед.