Maнчестер Сити е еден од клубовите кои се поврзува со српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ, но судејќи според изјавата на Пеп Гвардиола од тоа нема да има ништо. Барем не во јануарскиот преоден рок.
„Нема да доведеме ниту еден напаѓач во јануари“, истакна Шпанецот на прес-конференцијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ова значи дека шампионот на Англија цела сезона ќе ја игра само со еден класичен шпиц – Габриел Жесус. Веќе е познато дека Феран Торес е пред трансфер во Барселона и за таа зделка се чека само официјална потврда.
Меѓутоа Гвардиола најмалку го користеше Бразилецот во претходниот период. Во улога на централен напаѓач кај Пеп во изминатиот период беа Фил Фоден, Рахим Стерлинг, па и Ријад Марез.
Нема дилеми дека на лето „граѓаните“ ќе доведат нов напаѓач, меѓутоа до тогаш Пеп смета дека може да издржи со еден класичен шпиц.