Дома Фудбал Англија Гвардиола лут на играчите: Не поднесувам кога грешат на едноставни работи!

Гвардиола лут на играчите: Не поднесувам кога грешат на едноставни работи!

И покрај победата Гвардиола е незадоволен од одредени сегменти кај неговите фудбалери.

Манчестер Сити започна добро, но не и совршено во Премиер лигата.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


После ремито против Вулверхемптон, актуелниот шампион славеше со убедливо 3:0 со головите на Сане, Давид Силва и Стерлинг против Фулам.

Меѓутоа менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола забележал голем број на грешки.

Давајќи изјава за англиските медиуми по завршувањето на натпреварот, Гвардиола откри од кои сегменти не бил задоволен.

„Многу сум лут на нив и тие тоа го знаат! Не можам да поднесам кога ќе погрешат на едноставни работи како пасови или задржување на топката. Зборувавме многу на таа тема, знам што треба да направиме за да се подобриме“, изјави Пеп.

Шпанецот поради пропустите на своите фудбалери им го скрати планираниот ден за одмор.

Новата сезона Манчестер Сити ја започнува на „Етихад“ против Лион во среда со почеток од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хрватите во Подгорица скандираа „Убиј го Србинот“, еве како реагираа Црногорците! (Видео)

Фудбалерите на Хрватска постигнаа победа против Црна Гора со резултат од 3:2, завршувајќи …