Приоритет на Гвардиола до крајот на преодниот рок е да донесе квалитетно засилување на одбраната.
Најновото име во списокот на Гвардиола е дефанзивецот на Марсеј, Бубакар Камара за кого „граѓаните“ се спремни да платат 30 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Централниот дефанзивец одигра солидна сезона за Марсеј и го привлече вниманието на повеќе гиганти ширум Европа.
Гвардиола верува дека со ангажманот на Камара ќе добие стабилност и брзина на централната бековска позиција.
Камара има 20 години,важи за огромен потенцијал, а силен интерес за него покажуваат уште Милан и Борусија Дортмунд.