Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола по синоќешниот пораз од Монако изјави дека неговиот тим играл само едно полувреме и тоа не било доволно.
Гвардиола не ја криеше разочараноста од елиминацијата во осминафиналето и ја презеде вината на себе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одигравме одлично второ полувреме, но заборавивме тоа да го направиме и во првите 45 минути, а во Лигата на шампионите тешко се стигнува далеку со добра игра само во еден период. Се покажа дека не е доволно тоа што го направивме во вториот дел. Понекогаш потребно е да си посебен и среќен, а ние тоа не бевме. Нашиот тим е и без доволно искуство во ова натпреварување“, изјави шпанскиот статег.
„Како да го немаше Манчестер сити цело прво полувреме, а противникот тоа знаеше да го казни. Одигравме добри мечеви во ЛШ оваа сезона, но кога беше најпотребно, ние потфрливме и за тоа ја преземам одговорноста.. Штета, се надевам дека ќе ја научиме лекцијата“, додаде Гвардиола.