Дома Трансфер зона Гвардиола избрал нов напаѓач и тој игра во – Шкотска!

Гвардиола избрал нов напаѓач и тој игра во – Шкотска!

Oткако Хулијан Алварез премина во Атлетико Мадрид, Пеп Гвардиола до крајот на преодниот рок сака да доведе напаѓач кој ќе може да го менува Ерлинг Халанд, но и играч кој би ги покривал и двете крилни позиции.

Англиските медиуми пишуваат дека стратегот на „граѓаните“ донел изненадувачка одлука да го ангажира Јапонецот, Кајого Фурухаши од Селтик. Шкотскиот гигант нема ништо против трансферот, но сумата е 25 милиони евра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Јапонецот на 135 натпревари за Селтик каде што игра од 2021 година постигна 73 гола и брзо стана миленик на навивачите. За репрезентацијата на Јапонија одигра 21 натпревар и постигна пет гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…