Дома Трансфер зона Гвардиола за можниот трансфер на Гарсија: Во Барселона можеби знаат нешто повеќе

Гвардиола за можниот трансфер на Гарсија: Во Барселона можеби знаат нешто повеќе

Oткако почна да се зборува за тоа дека Ерик Гарсија ќе го напушти Манчестер Сити се огласи тренерот Пеп Гвардиола.

Имено, Гарсија би требало до крајот на месецот да премине во Барселона, а на таа тема сега зборуваше и Гвардиола.

„Се надевам дека нема да дојде до тоа, но можеби луѓето од Барселона знаат нешто повеќе од мене. Не знам дали навистина нешто се случува, но не можам да ви кажам дека нема да замине“, призна Гвардиола.

Младиот играч не се наигра премногу во Манчестер Сити и влезе во последната година од договорот, па поради тоа наводно сака да си замине.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус започна преговори со Депај

Италијанските медиуми пренесуваат дека главна трансфер цел на Јувентус во летниот преоден …