Дома Фудбал Меси го погоди Тапија во лице, Интер Мајами пред елиминација по тешкиот пораз

Меси го погоди Тапија во лице, Интер Мајами пред елиминација по тешкиот пораз

Меси го погоди Тапија во лице, Интер Мајами пред елиминација по тешкиот пораз

Интер Мајами остана без простор за грешка во плејофот на МЛС. Актуелниот шампион загуби со 3:0 од Колумбус Кру, во натпревар што донесе и спорна ситуација со Лионел Меси во главната улога.

Пред крајот на првото полувреме, Аргентинецот при изведување аут ја фрли топката во лицето на Гонзало Тапија. Судијата Ален Чепмен им покажа жолти картони на двајцата, но со тоа не се согласи тренерот на Колумбус, Лорен Куртоа, кој сметаше дека Меси заслужил црвен картон.

Чепмен подоцна ја образложи својата процена: според него, употребената сила била незначителна и постапката не го достигнала прагот за насилничко однесување, поради што не досудил директно исклучување.

Во моментот на инцидентот, Мајами веќе играше со фудбалер помалку и имаше негатива од 1:0. Предноста на Колумбус му ја донесе токму Тапија, кој беше прецизен од пенал.

Ниту продолжението не донесе пресврт за тимот на Меси. Таха Хабрун зголеми на 2:0, а Тапија со својот втор гол го заокружи убедливиот триумф на Колумбус.

Следниот натпревар може да биде и последен за Интер Мајами во овој плејоф. Серијата се игра до две победи, а Колумбус веќе следниот петок, пред својата публика во Охајо, ќе има можност да го елиминира бранителот на титулата. На Мајами му е неопходна победа за да остане во игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кметовски со шампионски пехар во САД: Канзас Сити ја освои првата титула

Љупчо Кметовски е дел од шампионскиот штаб на Канзас Сити Карент, кој го победи Вашингтон …