Дома Фудбал Англија Гвардиола: Дали сега ви е јасно зошто не преминав во Челзи?

Гвардиола: Дали сега ви е јасно зошто не преминав во Челзи?

guardiola

Mногу работи се случуваат во Челзи овие денови, а ситуацијата ја прокоментира и тренерот на Манчестер Сити.

Maнчестер Сити и Челзи неодамна ги одмерија силите, „граѓаните“ славеа со дури 6:0, а во недела ги очекува нов натпревар овој пат во финалето од Лига купот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Маурицио Сари во случај на нов пораз од Гвардиола би можел да добие отказ. Челзи денес се соочи со нов проблем откако ФИФА им забрани за купуваат играчи во наредните два преодни рока.

На конференцијата за медиумите и за проблемите во овие моменти во Челзи зборуваше Пеп Гвардиола. Пеп откри дека своевремено „сините“ сакале да го доведат и истакна дека на тренерите им е потребно повеќе време од она што го добиваат на „Стенфорд Бриџ“.

„Во мојата прва година, клубовите никогаш не се сомневале во мене. Никогаш ниту низ медиумите не се пишуваше дека ќе добијам отказ ако изгубам некој натпревар. Бев изненаден кога Конте ја освои титулата, а потоа изгуби еден или два натпревари на стартот од наредната сезона и луѓето веднаш започнаа да зборуваат дека ќе добие отказ. Па пред само два-три месеци човекот ја освои Премиер лигата, зборував тогаш“.

„Никогаш не бев потенцијална опција за Челзи. Одлучив да одам во Баерн и потоа дојдов тука со Феран и Тики, тие ми веруваат и јас им верувам на нив. Во првата сезона кога беше тешко и кога ми требаше време тие ме подржуваа. Играчите знаеа кој е тренер и кој ќе биде тренер“.

„Беше стабилно, тоа е најдобриот начин да работите нешто на подолг временски период, не само на кратки патеки“, изјави Гвардиола.

Натпреварот помеѓу „сините“ и „граѓаните“ во рамките од Лига Купот е закажан за недела 24-ти февруари од 17:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Карагер за изјавата на Салах: Разочаран сум од Мо, тој е себичен

Навивачите на Ливерпул беа загрижени поради изјавата на Мохамед Салах, кој рече дека во ов…