Дома Трансфер зона Гвардиола го отпиша – Клоп го чека со раширени раце!

Гвардиола го отпиша – Клоп го чека со раширени раце!

Јирген Клоп како приоритет за Ливерпул го постави доведувањето на нов голман бидејќи не е задоволен од Симон Мињоле, а прв на листата желби е Џо Харт.

Англискиот репрезентативец и понатаму е во сопственост на Манчестер Сити, но оваа сезона е на позајмица во Торино бидејќи Гвардиола не веруваше во неговите квалитети.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Мињоле ја започна сезоната како прв голман во Ливерпул, потоа го замени Каријус, но Клоп не е задоволен од квалитетот на двајцата голмани и како приоритет го постави доведувањето на врвен голман.

Харт сака да се врати во Англија следната сезона, па Ливерпул би била одлична можност за него, со оглед на фактот дека за него нема место во Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …