Пеп Гвардиола во текот на летото ќе се обиде дополнително да ја засили екипата на Манчестер Сити.
„Граѓаните“ најавија засилувања на одредени позиции, а изгледа дека најмногу фудбалери ќе пристигнат во средниот ред. Еден од оние кои би можеле да го засилат актуелниот шампион на Англија е фудбалерот на Атлетико Мадрид Родри.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој 22-годишен фудбалер со одличните натпревари во дресот на Атлетико Мадрид го привлече вниманието на многу европски гиганти, па Манчестер Сити е подготвен да ја плати клаузулата од 70 милиони евра која стои во неговиот договор.
Доколку се реализира овој трансфер тоа значи дека „граѓаните“ ќе ги срушат сите рекорди за 24-годишниот Шпанец. Во моментов најскапа аквизиција на Сити е Ријад Марез за кого платија 60 милиони фунти.
Спортскиот директор на Манчестер Сити, Чики Бегиристајн во неколку наврати го гледал во живо Родри и исто така е убеден дека ќе биде идеално засилување за „граѓаните“.
Клубот веќе стапил во контакт со неговиот агент и се очекува наскоро двете страни да постигнат комплетен договор, а потоа Сити ќе ја активира откупната клаузула.
https://youtu.be/sWjywZi0c88