Дома Фудбал Англија Гвардиола воодушевен од еден играч: Дојдов во Сити поради него!

Гвардиола воодушевен од еден играч: Дојдов во Сити поради него!

Манчестер Сити рутински го победи Сандерленд со 2:0 во Премиер лигата, а после мечот Гвардиола имаше прилика посебно да пофали еден фудбалер.

Станува збор за Давид Силва, за кого Гвардиола имаше само убави зборови и призна дека го поканил на вечера.


Луд викенд: "Ел Класико" во Шпанија и супер дербија во Англија и Италија! ↓↓↓


„Давид е еден од најдобрите играчи кои сум ги тренирал во животот. Една од причините затоа што сум овде е токму тој. Бев во Шпанија кога тој играше во Валенсија и навистина беше одличен. Но, кога ќе го запознаете гледате дека станува збор за уште подобар играч“, истакна Гвардиола.

„Давид има менталитет на победник, тој е борец, многу трча и многу е брз. Сеуште ова не сум му го кажал директно во очи, но ќе имам прилика. Ќе одиме на вечера заедно, веќе му испратив покана“, откри Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Натпреварот Болоња Милан сепак може да се одигра, понудени се две опции на домаќинот

Натпреварот помеѓу Болоња и Милан кој треба да се игра викендов се доведе во прашање порад…