Манчестер Сити одлично ја отвори новата сезона, но Пеп Гвардиола сака дополнително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Фернандињо и оваа сезона игра одлично, но Гвардиола сака да донесе негова замена, бидејќи нема доволно алтернативи на средината на теренот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Граѓаните“ ќе имаат солиден буџет за зимскиот преоден рок и веќе направија список од три имиња.
Првата желба е Френки де Јонг од Ајакс, поливалентен играч кој може да игра на сите позиции во средниот ред. Наводно Гвардиола има спремна понуда од 70 милиони евра, што холандскиот клуб тешко ќе може да ја одбие.
Вториот играч на списокот е ѕвездата на Вулверхемптон, Рубен Невеш. Меѓутоа Португалецот неодамна го продолжи договорот и „волците“ за неговата слобода бараат 100 милиони евра, сума која „граѓаните“ не се спремни да ја платат.
Третата опција е младата ѕвезда на Лион, Ндомбеле кој оваа сезона блеска и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
https://youtu.be/qWQEe1jCAQk