Дома Фудбал Останато Гатузо не дозволи да биде изнервиран: Таа приказна ми е смешна

Гатузо не дозволи да биде изнервиран: Таа приказна ми е смешна

Tренерот на Милан, Џенаро Гатузо беше мирен после вчерашниот пораз од Манчестер Јунајтед на пенали во пријателски натпревар.

Гатузо не дозволи да го изнервира ниту новинарското прашање поврзано со отказот. Да потсетиме во последните денови се шпекулира дека Антонио Конте би можел да седне на клупата на Милан, но ако му веруваме на Гатузо од тоа нема да има ништо.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Таа приказна за мене е смешна. Опуштен сум и пресреќен што претседателот ми ја даде оваа шанса. Пронаоѓам мир во работата која ја работам секој ден. Не сакам да поправам нешто што е веќе скршено“, изјави Гатузо.

Да потсетиме, тој го превзема Милан кон крајот на минатата година после отказот на Виченцо Монтела, а со „росонерите“ оствари солидни резултати до крајот на сезоната и успеа клубот да го одведе во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Леверкузен даде гол со спектакуларен „шкорпион“! (Видео)

Французинот Мартин Терие во денешнатаа победа на Леверкузен од 2-0 против Келн го посигна …