Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо зборуваше отворено за својата болест со која се бори веќе подолго време.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Гатузо боледува од мијастенија гравис, автоимуно заболување поради кое доаѓаа до отпуштање на одредени мускули. Кај Рино се манифестира со затворање на окото и гледа дупло.
„Ни на момците во соблекувалната не им е лесно да ме гледаат ваков. Но жив сум и не престанувам да се борам. Боледувам од мијастенија веќе 10 години, ова е трет напад кој ми се враќа“, откри Гатузо.
„Поради болеста сум исцрпен, не е лесно 24 часа се да гледаш дупло. Само лудак може да го издржи тоа на нозе. Ова е мој живот, ако треба да умрам, ќе умрам таму каде што живеев – на фудбалскиот терен“, искрен беше Рино.