На теренот Џенаро Гатузо важеше за вистински борец кој не се предаваше и жестоко влегуваше во борба за секоја топка.
Темпераментот на Гатузо не е намелен ниту сега како тренер. Валенсија вчера славеше на гостувањето кај Осасуна со 2:1, а Гатузо во еден момент се „истури“ на својот играч Муктар Дијакаби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дијакаби беше заменет во финишот при водство на Валенсија од 2:0 откако доби жолт картон. Фудбалерот седна на клупата и почна да дофрла нешто кон главниот судија кој му кажа и втор жолт картон. Тоа го налути Гатузо затоа што нема да му биде на располагање на следниот натпревар.
Cuánto carisma y carácter tiene Gennaro Gattuso, de mis entrenadores favoritos de La Liga sin duda. pic.twitter.com/nuc8dAIAbj
— Balenziaguismo (@padrenziaga) October 7, 2022