Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Бејли ја заврши својата епизода на „Олд Трафорд“, барем така изгледа според потезите на Жозе Мурињо.
Oткако Мурињо го замени Бејли во раната фаза од натпреварот против Њукасл, стоперот од Брегот на Слоновата Коска повеќе не доби прилика да игра се наведува да размислуваме дека за него иднина на „Олд Трафорд“ нема.
Како прв кандидат за негово доведување се појави Милан кој наводно покажал сериозен интерес.
Бејли е задоволен од условите на „Олд Трафорд“, но проблем му претставува лошата соработка со Мурињо кој јавно го критикуваше и тоа неколку пати.
Прашање е колку Манчестер Јунајтед би барал за својот стопер, но се шпекулира дека станува збор за сума од 30 милиони фунти.
Овој фудбалер во Манчестер пристигна од Виљареал во јули 2016 година за 34 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=5IGdkGjgRWs