На тренерот на Милан, Џенаро Гатузо не му се допадна изјавата на Леонардо Бонучи пред утрешното градско дерби против Интер.
Утре од 18:30 часот се игра дербито помеѓу Милан и Интер, станува збор за одложениот натпревар поради смртта на Давиде Астори.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џенаро Гатузо присуствуваше на конференцијата за медиуми и истакна дека очекува од неговиот тим да даде се од себе во натпреварот кој многу им значи и за подобриот пласман на табелата, но и за навивачите.
„Се надевам дека ќе ја повториме играта од натпреварот против Јувентус. Мораме да го унапредиме менталитетот и желбата, да се бориме до последен здив. Ова е дерби, натпревар во кој често пати послабо пласираниот знае да победи“, изјави Гатузо.
Новинарите ги интересираше и мислењето на Гатузо околу изјавата поврзана со потенцијалните засилувања која ја даде Леонардо Бонучи.
„Бонучи мора да биде капитен, не ми се допаѓа тоа што го изјави“, изјави Гатузо.