Дома Фудбал Италија Гатузо без „влакна“ на јазикот: Го допревме дното, ако се мислиме дека сме ѕвезди секогаш ќе бидеме посрамотени

Гатузо без „влакна“ на јазикот: Го допревме дното, ако се мислиме дека сме ѕвезди секогаш ќе бидеме посрамотени

gatuso

Иако се најавуваа големи работи, „росонерите“ и оваа сезона потфрлија и се наоѓаат на седмата позиција во италијанската Серија А, а до крајот на сезоната ќе се борат за местото кое води во Лигата на Европа.

Минатата недела Милан доживеа пораз на домашен терен од тимот на Беневенто 0:1, по што Гатузо ги казни играчите со одземање на слобдните денови кои им следуваа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Го допревме дното и мораме да се соочиме со последиците. Не можам да им дадам слободни денови под вакви околоности. Поради тоа одлучив да го откажам дводневниот одмор. На некои тоа не им се допадна, но дали ви изгледам како да ме интересира тоа?, запрша Гатузо и продолжи.

„Раозчаран е мал збор бидејќи знам дека можеме повеќе. Не сме победиле никого 40 дена и не можам да глумам дека се е во најдобар ред. Само сакам да го вратиме клубот онаму каде
што припаѓа“.

„Против Беневенто видов тим без душа. Секој играше само за себе. Ако и понатаму мислиме дека сме ѕвезди и играме без глад за победа тогаш секогаш ќе бидеме посрамотени. Сакам тигри во својот тим. Не може да се однесувате како идиоти, а потоа да излезете и да играте“, изјави Гатузо на конференцијата пред утрешниот натпревар.

Милан утре го игра натпреварот против Болоња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…