Дома Фудбал Италија Галијани: Со Капело тогаш толку многу испивме што го заборавивме трофејот од ЛШ

Галијани: Со Капело тогаш толку многу испивме што го заборавивме трофејот од ЛШ

Aдријано Галијани беше прв оперативец на Милан во времето на најдобрите денови кога овој клуб го предводеше Силвио Берлусокони.

Во времето кога Галијани беше дел од Милан, „росонерите“ освои повеќе трофеи, еден од нив беше и оној во Лигата на шампионите од 1994 година кога, Милан во Атина ја преслуша Барселона со убедливи 4:0.

Тогаш на клупата на Милан седеше легендарниот стратег Фабио Капело.

Од тој период Галијани сега открива една интересна ситуација со Капело после освојувањето на трофејот во Атина.

„Таа вечер откако ја победивме Барселона јас и Капело останавме до доцна во ноќта и пиевме вино. Толку се испивме што го заборавивме трофејот во некој од лифтовите, а кога се вративме да го бараме го најдовме во кеса за ѓубре. Секако дека го земавме, го однесов во мојата соба и спиев покрај него. Наредниот ден на мојата сопруга и кажав дека тоа е најубавиот сон кој некогаш сум го имал“, изјави Галијани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Николов дел од историската победа над Реал, ПСЖ го доби дербито со Сити🎥

Шериф Тираспол на Бобан Николов го приреди најголемото изненадување во поновата историја н…