„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус бара од Паоло Дибала да се согласи на промена на условите од договорот постигна пред неколку недели.
Договорот помеѓу Јувентус и Дибала има важност до идн ата година, а Дибала и клубот од Торино усмено се договорија да потпише нов договор до 2026 година. Според тој договор Аргентинецот требало да заработува осум милиони евра годишно, плус два како бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Агентот на фудбалерот Жорге Антун повеќе пати доаѓаше во Торино, но сепак договор не е потпишан. Прво проблем имаше во бирократијата, односно колу статусот на агентот на Дибала во регистарот на агенти, но сега ситуацијата е посериозна.
„Газета“ пишува дека Јувентус е одлучен да ги промени договорените работи, најмногу поради физичките проблеми на Аргентинецот. Сезонава Дибала пропушти девет натпревари, но и покрај тоа постигна осум голови во 17 настапи.
Според најавите Јувентус бара од Дибала да се откаже од дел од фиксната плата, додека да се зголемат одредени бонуси. Во случај Дибала да ја одбие таа понуда Јувентус наводно размислува да го пушти да си замине.