Јувентус покажува сериозен интерес за ѕвездата на Манчестер Сити, Габриел Жесус, пренесува „Газета дело Спорт“.
Бразилецот е примарна трансфер цел на „бјанконерите“ без разлика дали Роналдо ќе остане во Торино или ќе замине.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус наскоро ќе стапи во контакт со Манчестер Сити и ќе започне преговори, бидејќи Бразилецот е голема желба на Алегри.
Жесус го загуби местото во првиот тим, па Сити нема да му прави проблем доколку сака да замине бидејќи сака да го донесе Хари Кејн.
Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и спрема понуда за 24-годишниот Бразилец кој дал согласност за трансфер во Серија А.
Проблем може да биде фактот што „старата дама“ го сака напаѓачот на едногодишна позајмица со задолжителен откуп следното лето.
‼️ https://t.co/VdiktdtZ9x | #Juventus, #GabrielJesus è il primo nome per l'attacco: #Allegri lo vuole subito, ma i bianconeri vorrebbero pagarlo dal 2022
— calciomercato.it (@calciomercatoit) July 16, 2021
📲 #CMITmercato https://t.co/Yyt32oHNHs