Дома Фудбал Репрезентации Габигол до селекторот Тите: Нема поголем непријател од лажниот пријател

Габигол до селекторот Тите: Нема поголем непријател од лажниот пријател

Селекторот на бразилската фудбалска репрезентација, Тите, направи неколку изненадувања во списокот на репрезентативци кои ќе настапат на Светското првенство во Катар, а еден од оние кои не добија покана e напаѓачот на Фламенго, Габриел Барбоса – Габигол.

Тите пред два дена го објави списокот од 26 фудбалери кои ќе го носат дресот на Кариока во Катар, а на него покрај Габигол го немаше и Фирмино кој засега не се огласил за разлика од напаѓачот на Фламенго.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Иако е една од најголемите ѕвезди во бразилскиот фудбал 26-годишниот Габигол остана без покана за националниот тим.

Фудбалерот на Фламенго реши својот бес да го искаже на Инстаграм. Тој остави порака упатена до селекторот на Бразил и јасно стави до знаење што мисли за него.

„Нема поголем непријател од лажниот пријател“, гласи пораката Габигол покрај фотографијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

И тоа е можно: Еден од кандидатите да го наследи Тудор на клупата е актуелен играч на Тотенхем

Тотенхем Хотспур се наоѓа во нова неизвесност по смената на тренерот Игор Тудор. Лондонски…