Реал Мадрид изминатите денови потпиша со двајца одлични млади фудбалери. Меѓутоа, едниот од нив навивачите веднаш го дочекаа „на нож“.
Имено, бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор е на чекор од потпис во Реал Мадрид откако вчера успешно ги помина медицинските прегледи. Иако оваа сезона сеуште трае „кралевите“ сериозно тргаа во припреми за наредната сезона.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Винисиус Јуниор, или како што го наредикуваат медиумите „новиот Нејмар“, е 16-годишна ѕвезда и репрезентативец на Бразил на кого експертите му предвидуваат фантастична кариера. Моментално настапува за Фламенго, а веќе подолго време е на мета на европските гиганти.
Сепак, Бразилецот одлучи кариерата да ја продолжи во Реал Мадрид за трансфер вреден 45 милиони евра, а медиумите пренесоа дека вчера успешно ги поминал и лекарските прегледи во Рио де Женеиро.
Меѓутоа, поради едно интервју од минатото, навивачите на Реал сигурно ќе го пречекаат „на нож“ кога ќе пристигна на Бернабеу.
„Нејмар е мој идол. Му се восхитувам и постојано гледам видеа за да го копирам“, изјави Винисиус, а потоа одговори на вечното прашање – кој е подобар Меси или Роналдо.
„Меси дефинитивно“, одговори младиот Бразилец, а овие зборови можат скапо да го чинат во иднина.