Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Второлигаш го купи најдобриот стрелец на Европското првенство за 13 милиони евра

Второлигаш го купи најдобриот стрелец на Европското првенство за 13 милиони евра

Европското првенство отсекогаш било голема можност за фудбалерите да блеснат и да направат трансфер, а од актуелното ни пристигнува необична приказна за Жорж Микаутадзе.

Микаутадзе блесна за Грузија на првенството и постигна три гола и така се уште е на врвот на листата стрелци заедно со Мусиала и Шранц.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Додека е во тек Европското првенство, Микаутадзе направи интересен трансфер бидејќи потпиша договор со второлигаш.

Имено, францускиот Мец, кој во неодамна завршената сезона испадна од елитните редови на францускиот фудбал, реши да го откупи договорот на Микаутадзе од Ајакс за само 13 милиони евра.

Претходно, како позајмен играч од Ајакс, Микаутадзе настапуваше за Мец и во последната сезона на 20 натпревари постигна одлични 13 гола со 4 асистенции.

Сега Мец ја активираше опцијата да го откупи договорот на Грузиецот кој има само 23 години за 13 милиони евра, а не е исклучено веќе летово интерес за него да покажат и поголеми клубови, па така Мец добро би заработил од него.

Да потсетиме Грузија постигна огромен успех на своето дебитантско Европско првенство и стигна до осминафиналето каде што беше поразена од Шпанија со 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

За многумина стартот над Хакими беше за во „затвор“, а Крос шокираше: Не беше ниту за црвен! (Видео)

ПСЖ, актуелниот победник во Лигата на шампионите, објави дека ќе биде без повредениот маро…