Дома Фудбал Англија Вредноста на играчите на Ливерпул надмина една милијарда

Вредноста на играчите на Ливерпул надмина една милијарда

Вредноста на фудбалерите на Ливерпул порасна до 1,1 милијарда фунти во изминатите пет години откако на кормилото на тимот седна Јирген Клоп.

Англиските медиуми ја пресметаа оваа сума следејќи го индексот на движењето на пазарната вредност на фудбалерите.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Откако во 2015 година Клоп пристигна на „Енфилд“ направи големи промени во тимот. Неколку фудбалери заминаа, а пристигнаа нови фудбалери кои значително ја зголемија вредноста на тимот меѓу кои Салах, Мане, Ван Дајк, Алисон…

Исто така вредноста на фудбалери како Александар Арнолд и Робертсон значително се зголеми во последните две-три години.

Според европскиот клупски индерс вредноста на првиот тим на Ливерпул во изминатите години се зголеми од 312 милиони на 1,1 милијарда фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нереди во Белград пред почетокот на српската Суперлига (Видео)

Српската фудбалска Суперлига стартува денеска, но фудбалската атмосфера во Белград беше на…