Дома Останати Ракомет Во Словенија бесни: Сите одлуки беа во корист на Данска!

Во Словенија бесни: Сите одлуки беа во корист на Данска!

Данска вчера ја победи Словенија и се пласираше во финалето на Олимписките игри, а по натпреварот најмногу се зборува за судењето.

Словенија губеше со четири разлика, но во финишот направи серија од 3:0 и имаше само еден негатива. Во последните секунди кога играа без голман 7 на 6 место седмерец добија удар од девет метри иако Данците бранеа во просторот од седум метри.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Селекторот Зорман по мечот не го криеше незадоволството.

„Судењето во текот на целиот натпревар не беше на ниво на полуфинале. Се им досудија на Данците, сите мали одлуки беа во нивна корист. Не е дека барам алиби, но тоа е факт. Има ситуации кои може слободно да се толкуваат, но јасно е што е фаул, колку трае нападот и што е седмерец“, порача Зорман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…