Дома Фудбал Англија Во Сити сега влегуваат и Американци со 500 милиони долари

Во Сити сега влегуваат и Американци со 500 милиони долари

Сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансоур одлучи да продаде дел од групцијата Сити.

Фудбалската групција Сити продаде нешто повеќе од 10% од акциите на клубот на американската компанија „Силвер Лејк“, а вредноста изнесува неверојатни 500 милиони долари.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


„Силвер Лејк“ на тој начин им дел од англискиот шампионо, меѓутоа и понатаму шеикот Мансоур има најголем процент на акции во клубот.

Тој во овој момент располага со 77% акции од клубот, околу 12% се во сопственост на кинески конзорзиум, а нешто повеќе од 10% на „Силвер Лејк“.

„Ние и „Силвер Лејк“ верувам дека во иднина можеме да оствариме дополнителен раст, како и дополнително да се прошириме низ светот“, соопштено е од групцијата Сити.

Оваа групација покрај акции во Сити поседува и акции во тимови од САД, Австралија, Јапонија, Шпанија, Уругвај и Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…